Во Сабота и Недела во Домот на Културата “Бели Мугри” се одржа дводневен настан „Нов Град“. Настанот беше поделен на музичка вечер на која настапија три македонски групи и филмска вечер – ревија на кратки македонски филмови и анимации.
Сабота, 11 ноември, тераса, 21 ч.
Концерти:
К.Н.Н.Т (фуриозно електро-индустријал- панк дуо од Скопје составено од Марко Јанев на тапани и вокал и Иван Трајчев на синтисајзери и вокал. Постојат од 2010, зад себе го имаат и-пито „Нежно“ за домашната издавачка етикета „Шарла“. Свиреле Во Србија, Албанија и низ скоро цела Македонија, ова им е премиерен настап во Кочани.
https://soundcloud.com/k-n-n-t
https://sharla.bandcamp.com/album/nezhno-ep
„Sweet Rapscallions“ се повеќечлен арт колектив од Битола кој создава авангарден, психоделичен, навидум мрачен поп кој се забавува врз амбиент од електроника, семплови и пулсирачка атмосвера. Во креирање на нивната музика освен класични инструменти, користат уреди од домаќинството, машини не наменети за музика и различни ударалки. Во февруари годинава за Шарла го издаваат деби албумот снимен од настапот во живо во музичкото радио „Канал 103“. Моментално настапуваат како трио.
https://soundcloud.com/sweetrapscallions
https://sharla.bandcamp.com/…/stereo-memory-live-at-kanal-1…
„Anna O“ се Кочански бенд. Единствениот активен авторски бенд во градот. Деби албумот им се вика „Подочњаци“, скромната македонска критика рече дека е еден од најдобрите албуми за 2015, а „Anna O“ го свиреа на концерти и фестивали насекаде низ Македонија. Освен во Кочани. Ова е деби концертна промоција на „Подочњаци“. Или на новиот албум кој го снимија пред еден месец а ќе излезе во 2018та. Но тоа и не е толку важно.
Anna O. Премиерно. Во Кочани.
https://kranrecords.bandcamp.com/album/–4
Недела, 12 октомври, Мала Сала, 20 ч.
Ревија на македонски кратки филмови и анимации:
„Чевли“ (2016) – Бранко Костески
„Ќе дојдат децата“ (The Children Will Come) (2016) – Ана Јакимска
„Човекот кој не беше таму“ (The Man Who Wasn’t There) (2017) и „The man who wouldn’t die“ (2015) – Гоце Цветановски
„Девојката што паѓа“ (2015) – Владимир Лукаш
„Кружното патување на Марето“ (2015) – Жарко Иванов
“Пепи и Муто“ (2015) – Георги Уковски
“Конзо“ (2013) и “People’s Front” (2012) – Иван Ивановски
„Зелени ѕидови – црна храна“ (2015) – Сандра Ѓоргиева
„Направи Сам“ (2013) – Андреј Георгиев
Настанот „Нов Град“ е инициран и организиран од здружение ИКИГАИ а поддржан од Министерството за Култура во рамките на манифестацијата „Нов Културен Бран“, НУЦК „Бели мугри“- Кочани и општина Кочани.
Влезот за двете вечери беше слободен.
