Учениците од ООУ „Гоце Делечев“ од Виница денеска го имаа својот настап на Детскиот драмски фестивал“……Тие ја одиграа претставата „Лошата снаа“, работена според народна приказна и под менторство на Бранка Стаменкова, наставник по македонски јазик. Режијата е на Душко Ѓоргиоски. Улогите ги играа : Верица Иванова –мајка, свекрва, Благица Стоименова –снаа, Магдалена Николовска – сосетка, Изабела Ѓоргиева –девојка – конобарка, Марија Ангелова –девојка – медицинска сестра, Филип Стоилов –комшија, Александар Лазаров –син.