Националната установа – Центар за култура ” Бели мугри ” – Кочани го става својот печат во работењето на одделот за фолклор и сценско – музичка дејност за 2021ва година.
Ве покануваме на завршен концерт на ФА ” МУГРИ ” И ОРКЕСТАРОТ ЗА ИЗВОРНИ НАРОДНИ ПЕСНИ И ОРА при НУЦК ” Бели мугри ” – Кочани.
Концертот ќе се одржи на ден 12.11.2021 година со почеток во 19 часот во салата на Мултикултурниот центар на Општина Кочани.
Ќе бидеме удостоени со учеството на ансамблите при :
НУЦК ” Никола Јонков Вапцаров ” – Делчево
НУ Центар за култура – Крива Паланка
ДК ” Крсте П. Мисирков ” Свети Николе
Влез 50 денари
Карти на билетара во НУЦК ” Бели мугри ” – Кочани од денес!
* Настанот ќе биде реализиран по строго пропишаните мерки за заштита од Ковид 19 – Корона вирусот
* Бројот на посетители е ограничен (согласно 112та седница на Влада на РСМ од 13.10.2021година со одлука за посетители на 50 % од капацитетот на салата)
* задолжително мерење на температура при влез
* Задолжителна дезинфекција на раце
* Носењето маска е задолжително
* Ве молиме држете растојание
При влез задолжително е поседување, приложување и проверка на еден од следните документи:
– сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот САРС-ЦоВ-2,
– сертификат/потврда за прележан КОВИД – 19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18-годишна возраст.
ШТИТЕЈЌИ СЕ СЕБЕСИ СЕ ГРИЖИМЕ И ЗА ОСТАНАТИТЕ!
ВЕ ОЧЕКУВАМЕ!