По повод 74 години од издавањето на стихозбирката „Бели мугри“ од Кочо Рацин, Националната установа – Центар за култура „Бели мугри“ – Кочани, објавува:
КОНКУРС
За литературна творба – песна на слободна тема.
Конкурсот има ревијален карактер.
Песните не треба да бидат претходно објавувани.
Право на учество имаат сите граѓани на Општина Кочани, Општина Зрновци и Општина Чешиново – Облешево, постари од 16 години.
Краен рок на поднесување на творбите е 15. 11. 2013 година.
Творбите треба да бидат напишани на македонски литературен јазик, со големина на фонт 12, македонска подршка и отпечатени на лист А4 формат (во три примерока).
Творбите се испраќаат на адреса: Национална установа – Центар за култура „Бели мугри“, улица „Кеј на Ревулуцијата“ бб, 2300, Кочани, или по електронска пошта на адресите: ckbelimugri@yahoo.com
Творбите ќе бидат промовирани на почетокот на декември 2013 година.
Дополнителни информации во врска со Конкурсот можат да се добијат на телефоните: 033/272-181; 078/271-909 и 078/390-391.
Национална установа
Центар за култура
„Бели мугри“ – Кочани