Благодарение на Нуцк – Бели Мугри ,во Кочани се овозможи да се формира студио по модерни танци каде што децата најнапред се забавуваат и секој може да го покаже својот талент. Овие дечиња со часови започнаа во Октомври 2017год, и за само 6 месечно искуство со танцот успееја да се покажат во најдобро светло и освоија две први места во категорија Street show dance Juvenile I i Juniori II на Меѓународен натпревар во Скопје. 10 години се одржува овој Интернационален натпревар по хип хоп и модерни танци во Скопје. Натпреварот се одвиваше во два дена на 24ти и 25ти Март. Учесници имаше од различни клубови од Македонија и надвор од границата на нашата држава. Тренинзите по модерни танци во Нуцк – Бели Мугри се поделени во две групи во зависност од возраста на децата. Љубовта кон музиката и убавите кореографии се дело на нивниот кореограф Ана Марија Адраманова која има многу години искуство во танцот и паралелно го води и студиото за танц Get Fit – Штип.