Филмот „Споменикот на Мајкл Џексон“ ќе биде прикажуван во ЦК „Бели мугри“ на 17, 18 и 19 декември, а не на 10, 11 и 12-ти декември како што првично беше најавен. За оваа промена на деновите во кои ќе биде „присутен“ во Кочани филомот на Дарко Лунгулов причината е од технички карактер. ЦК „Бели мугри“ бара разбирање за настанатите промени, на кои објективно не можеше да влијае. И во новите термини (17, 18 и 19 декември), проекциите ќе започнуваат во 19 часот, а цената на влезниот билет ќе изнесува 60 денари.
Променети термини – „Споменикот на Мајкл Џексон“ презакажан за 17, 18 и 19 декември
