Во рамките на програмата за одбележување на Празникот на Општина Кочани, Петровден, и како дел од „Петровденските конаци“……на ЦК „Бели мугри“ вчера во Националната установа од Кочани беше промовирана книгата „Македонски празници и празнични обичаи“ од проф. д-р Марко Китевски.
Книгата ја издаде книгоиздателството „Камелеон”, а за неа на промоцијата зборуваше проф. д-р Илија Велев, научен советник во Институтот за македонска литература од Скопје.
Книгата претставува обемен научен труд издаден во 2013 година со 200 страници и голем број на фотографии од обичаите практикувани во секое село во Македонија.
Китевски е научен советник во Институтот за македонска литература и професор на постдипломски студии по предметите Народна култура и Македонски празници. Во изминатите четири децении објавил педесетина книги, како и трудови, статии, критики, полемики и друго.
Промовирана „Македонски празници и празнични обичаи“
