Во преполното Фоаје на ЦК „Бели мугри“ на 25 септември беше промовирана книгата „Поетско вдахновение“, во која се поместени песни на повеќе од педесет автори коишто потекнуваат од Кочани или во одреден период живееле и работеле во градот на „белото злато“. Изборот на песните и предговорот ги направи Коце Стојменов, директор на кочанската НУ ЦК „Бели мугри“. Промотор на неговата книга беше Тања Стојковска, директорка на ДК „Злетовски рудар“ од Пробиштип, професор по македонски јазик.
Печатењето на „Поетско вдахновение“ и промоцијата се дел од содржините на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“, која е во полн ек.
Издавач на поетско вдахновение е НУЦК „Бели мугри“.