ЦК „Бели мугри“ беше домаќин (на 7 јули) на промоцијата на романот „Сети се, да ме заборавиш“ чиј автор е Марија Јовевска. Ова е нејзино прво литературно дело потпишано под псеводнимот Марија Јова.
Промоцијата се одржа во малата сала на Националната установа од Кочани. настанот го најави Силвана Јаневска, актер во „Бели мугри“.
Романот излезе во издание на „Култура“ од Скопје како победник на конкурсот „Романијада“, распишан по повод седумдесетгодишната работа на куќата, а е избран за најдобар во конкуренција од 30 романи.
Станува збор за возбудлив психолошки трилер, кој никого не го остава рамнодушен. Се работи за љубовна приказна зачинета со интригантски моменти, емоции и страв што го обзема читателот. Јовевска, која е студентка на Архитектонскиот факултет во Виена, на промоцијата во Кочани го најави објавувањето на својот втор роман.
Промовиран романот „Сети се, да ме заборавиш“
