Во Национална установа – Центар за култура ” Бели мугри”-Кочани, ПРЕМИЕРНО во понеделник ќе игра претставата СРЦЕВА ДРАМА од Хајнер Милер, во режија на Перо Даниловски, сценографија на Александра Димитрова и инспициент Силвана Јаневска. Ке играат членовите на драмското студио при НУЦК “Бели мугри” – Кочани.
“Дејството на претставата се случува на едно посапокалиптично буниште каде помеѓу остатоците од некоја претходна цивилизација се раѓа нов живот. Нови луѓе кои ќе се обидат да не ги повторат грешки на претходните. Ќе успеат ли во тоа?
Преку една разиграна сценска изведба користејки ги принципите на театарот на движење и пантомимата ќе се обидеме да дадеме одговор.” Перо Даниловски
Влезниците по цена од 100 денари за ПРЕМИЕРАТА ќе бидат во предпродажба секој работен ден од 08:00h do 16:00h во билетарата на НУЦК “Бели мугри”-Кочани и секако пред почетокот на претставата. Исто така билетите можат да се набават и во Bure Bar.