Годишната изложба на цртежи и слики на учениците од Училиштето за цртање и сликање

Ве покануваме на Годишната изложба на цртежи и слики на учениците од Училиштето за цртање и сликање кое работи во состав на НУ ЦК „ Бели мугри“ Кочани под менторство на Александра Димитрова, во четврток на 11.12.2025 година. Отворањето на изложбата е закажано за 19 часот во Салон „ Фоаје 2 “ во Центарот за култура „ Бели мугри“ Кочани.

(more…)

Comments Off on Годишната изложба на цртежи и слики на учениците од Училиштето за цртање и сликање

На 9 декември во 18 часот премиера на претставата „Аладин и Дедо Мраз“

Ве поканувамe на премиерата на Новогодишната детска театарска претстава „Аладин и Дедо Мраз“ во сопствена продукција на НУ ЦК „ Бели мугри“ Кочани.
Претставата е приказна за пријателството, храброста и магијата во себе, во режија на Сања Гацовска.

(more…)

Comments Off on На 9 декември во 18 часот премиера на претставата „Аладин и Дедо Мраз“

Наскоро – Премиера на детска новогодишна претстава во продукција на ЦК „Бели мугри“

„Секоја Нова година носи нова шанса — да бидеме подобри, посреќни и посилни.“ (more…)

Comments Off on Наскоро – Премиера на детска новогодишна претстава во продукција на ЦК „Бели мугри“

Во чест на ангелите од Кочани – Промовирана книгата „Ѕвездите светат бесконечно“

Во Националната установа ЦК „Бели мугри“ синоќа во Кочани е промовирана книгата „Ѕвездите светат бесконечно“ од група автори, посветена на загинатите, повредените и хероите од трагедијат што се случи на 16 – ти март годинава во дискотеката „Пулс“ .

(more…)

Comments Off on Во чест на ангелите од Кочани – Промовирана книгата „Ѕвездите светат бесконечно“

На денешен ден во Самобор од печат излезе стихозбирката „Бели мугри“

25 ноември 1939…
На денешен ден, на македонски јазик, во 1939 година во Самобор, во близина на Загреб, Кралство Југославија, отпечатено е првото издание на стихозбирката „Бели мугри“, на македонски јазик, од Коста (Кочо) Солев Рацин .

(more…)

Comments Off on На денешен ден во Самобор од печат излезе стихозбирката „Бели мугри“

На 25 ноември во 18 часот – Промоција на книгата „ ЅВЕЗДИТЕ СВЕТАТ БЕСКОНЕЧНО“ во спомен на Кочанските Ангели

НУ ЦК „ Бели мугри“ Кочани по повод патрониот празник 25- ти ноември, денот кога е отпечатено првото издание на култната стихозбирка на Кочо Рацин „ Бели мугри“, организира промоција на книгата: „ ЅВЕЗДИТЕ СВЕТАТ БЕСКОНЕЧНО“ во издание на книжевниот кружок „ Васил Иљоски“ од Крушево. Збирката книжевни творби беше промовирана во Меморијалниот центар „ Тоше Проевски“ во Крушево пред два месеци. Книгата е збирка од книжевни творби создадени од повеќе автори од Македонија и надвор од неа во спомен на КОЧАНСКИТЕ АНГЕЛИ.

(more…)

Comments Off on На 25 ноември во 18 часот – Промоција на книгата „ ЅВЕЗДИТЕ СВЕТАТ БЕСКОНЕЧНО“ во спомен на Кочанските Ангели