25 ноември 1939…
На денешен ден, на македонски јазик, во 1939 година во Самобор, во близина на Загреб, Кралство Југославија, отпечатено е првото издание на стихозбирката „Бели мугри“, на македонски јазик, од Коста (Кочо) Солев Рацин .
„Бели мугри“ е трета стихозбирка објавена на современ македонски јазик, по Народните таги и Огнот, објавена во 1938 година.
Испечатена е 1939 година на македонски јазик, кој не бил “формално” и “официјално” кодификуван,
НО ПОСТОЕЛ,
Се создавало литературно творештво, се пишувале книги, се говорело и пеело на тој јазик…
25 Ноември е патронен празник на нашата установа НУ ЦК „Бели мугри“ -Кочани
